Да бидеш сам, сосема сам, мило дете, мало човече, да се скриеш во некоја темна, длабока пештера, настрана од сите, од секој човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се чинеше како неговите очи да гледаа од дното на некои длабоки пештери.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Грнчарот се изгуби во грнчарницата, а кога повторно се појави, во рацете држеше послужавник со две земјени чаши полни со ладно вино.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Всушност, грнчарницата беше една длабока пештера повеќепати проширувана од мајсторите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На тоа сам си одговарал: - Не веројатно, туку сигурно во далечината имало длабоки пештери долови- резонатори, стени вибратори.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)