длабок (прид.) - сон (имн.)

Долу, во приземните простории, двајцата копачи, и Коле машинистот, ја спиеја кај мене во Маказар последната ноќ, спиеја во длабок сон, толку длабок и тежок, што не им даваше да сонуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа отиде да го види малечкиот, кој исто како и жена му, спиеше со длабок сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не зборуваа многу: тој, зашто не му се зборува; таа, зашто не знае што може да го праша...  Го виде истоштен, повлечен во себе, замислен. Ѝ се стори и - сменет.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа дише рамномерно и спие со длабок сон, исцрпена по долго, деветмесечно бдеење по него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓу два рида Два облака Три молњи Три пламен коњи... небо Небо: Преобразена Светлина Од очите На Мајка. бреза Постои една бреза Една бреза сама Ветрот што ја дува Штом поминам Под таа бреза Брезата потпевнува Потоа Полудува. брест Ни трошка Прошка За него Свиткан На брегот. светлина Ме касна помнам Во длабок сон Тој лач, тој зрач Од белината Во сонот, помнам Среде сјајно поле Станав толку болен Од светлината. ја гаснам ламбата Ја гаснам ламбата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Високо над кулите тежеше небото опсипано со рој бели светли ѕвезди. Градот спиеше во длабок сон.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Никако не можеше да заспие откако тој ќе почнеше да грчи, додека неговото грчење не му пречеше на нејзиниот длабок сон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
В зори, болката стивна и Рози потона во длабок сон од кој не се разбуди сè додека собата не беше преплавена од светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секој час пак зајдува во длабок сон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Штом изустив „Господ“, се освестив ко од длабок сон да се разбудив, со крената празна рака кон устата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе ги нас`скаше едни спроти други, а таа ќе се измиголеше и ќе се вртеше во дворот, ќе легнеше во собата од куќата на стопанот и до стариот кревет, ќе заспиеше во длабок сон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оние што останаа Онаа што за првпат го бакна се разбуди од некој закрепнувачки длабок сон.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По звукот на утринската тишина и по светлината што влегуваше во собата сфати дека надвор заврнал снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, додека, како што е и стихот на една македонска забавна мелодија „градот е во длабок сон“, јас, поради тоа што сме на самиот почеток на 2009 година, размислувам за некои други покривки и нивните тежини.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Некои од луѓето ги ослободиле од јарем своите ѕевгари и веднаш попаѓале в длабок сон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попусто. Не биле волшебници што со допир ќе исцерат животно или човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше задоволство да се знае тоа, со она тивко знаење по длабокиот сон, загледан во оној прекрасен мир и свесен дека сторил сè, што се барало од него овие денови да стори тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замира на запад бледата светлост: тоа сонцето пропаѓа во длабок сон пред студената приквечерина. Но до темнината е долго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше доцна ноќ, во домот и во соседството се спиеше во длабок сон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски ги гледаше занесно и гордо своите книги, им се радуваше како на свои чеда кои беа во длабок сон преку ѕидот исполнет со книги, и тој, како Татко, настојувајќи пораките од собираните книги да влијаат на среќната иднина на неговите деца на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Речиси во истиот момент тој потона во длабок сон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некаква милина ги смраморила... саде спокојно дишат... еден здив си дишат... кошмариштана в крпче врзани... а тие втонати во длабок сон...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Како да не допрел вресокот на Милка до неа, како да се буди од длабок сон, ги оптегнува нозете, рацете го џбарат веленцето, се чепчат за него, го поттргнуват нагоре и тие се откриваат со сиот блесок до над колената.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејзиниот Вангел е легнат меѓу неа и Родна Караколева и нејзиниот вресок не го пробудува од длабокиот сон.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Една ноќ, Татко, виде-невиде, кога ние децата бевме во длабок сон, ја повика Мајка на разговор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние не паметевме во нашите животи Мајка да беше заспала во длабок сон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Лисицата се пикна во ќошот од пештерата и навистина заспа со длабок сон.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дедо ви наеднаш како да се разбуди од некој длабок сон.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И кревале молитви: прва чаша - за чесно евангелие; втора чаша - за чесна крста; трета чаша - за чесна петраила; четврта чаша - за света потира; петта чаша - за: пејпетле, за ојлуле, за здравица, за здрамица, за божји трон и - за длабок сон...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Е, ете оваа последнава, ќе биде - за длабок сон...” велеше Бандо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Остатоци од блудот на епикурејската публика и првата долго очекувана брачна ноќ, со длабок сон по напорното броење пари, и отворањето пакети со нокти и со заби. 06.2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Георг Фридрих Хендел пред да западне во длабок сон по тринеделната борба со неговата Месија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Само, кој како се судрил со соспата снег, се кутнал и потонал во длабок сон.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Меѓу тоа ѓубре и отпад во нашата глава во длабок сон лежат оковани нашата вистина и слобода, нашата невиност и човечко достоинство.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Длабокиот сон ги исклучи сите други соништа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дури ни веселото лаење на Мурџо не ќе ја разбуди од длабокиот сон.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така здушени, малечката и големата уста, упатувајќи си топли здивуви една во друга, најпосле Пелагија беше совладана од вистински длабок сон.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)