Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
– Тука Хорацио стана од клупата, се загледа кон ситната силуета на гусакот и почна: Ако имаш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Остана така подолго време, навидум смирен, без збор, во светот на својата длабока тишина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имаше многу зборови кои остануваа заложници на неговата длабока тишина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но таа, сепак, продолжуваше да пребарува длабоко во своето сеќавање, по лавиринтите на својата длабока тишина, да ги обликува контурите на исчезнатите, во живата присутност на стеблото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, со нејзиниот својствен ритам, со интервалите на нејзината длабока тишина, започна да ги споменува, по ред, сите на кои се сеќаваше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)