Од друга страна пак, да можам денес, со помош на некоја сѐ уште неусовршена технологија, да му појдам во пресрет, со какво задоволство би му позајмувал пари, или уште повеќе, би излегувал со него на пиво и би муабетел за старите добри времиња?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Подот послан со рендани штици и покриен со рачно исткаен килим – во добрите времиња на заедничко верување - подарок од Тито.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таткото на нацијата, одбиваше да се слика со дигитален апарат и инсистираше неговите фотографии да бидат црно – бели, како во старите добри времиња.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тој ден, Битола како повторно да се врати во старите добри времиња од преминот на 19тиот кон 20 век, кога беше еден од најважните градови на јужниот дел од балканот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Се смеевме и се навраќавме на старите добри времиња кога имавме луди идеи и незаборавни глупости.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
– Тешки, тешки времиња – прифати татко ми. – Но на Балканот речиси и немало подолготрајни добри времиња.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)