Баш ќе му кажам на Кит, си викам, дека и тука го бие добар глас.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Зашто, ако најдобар начин да се избегне компромисот и лагите на апсолутното, е да бидете недостоен кон нив, исто толку е вистина и дека така ризикувате да исчезнете, да го уништите својот добар глас до тој степен никогаш да не го повратите.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Нашата болница тогаш беше на добар глас, та затоа Грците заемно си препорачуваа да се лекуваат кај нас, надевајќи се дека успешно ќе бидат излекувани”.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Некои не се согласија, арно ама така беше најдобро, оти Лазар беше на добар глас. И, што да кажам, тие години многу работевме сите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сонував за еден малечок, проклет да бидам, колку едно око малечок отвор на ѕидот од каде што ќе можам да ја гледам водата да го слушам нејзиниот добар глас.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)