И за нив и за себе... Доцна вечерта, некаде по девет часот, допирајќи се со лактите и одвреме-навреме, кога завлегуваа во мракот на сокакот и фаќајќи се дискретно за рака, Јехуда Давидовиќ ја допратуваше Алегра кон дома.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оттаму се смее мојата сестра со искрена и добронамерна смеа, ако токму неа, не успеав да ја врзам во брачни врски, како ни себе си; за неа само еден Господ знае зошто, за себе знам: имав добар избраник, немав асална цасаментера, не бидува сам да си шадхан за себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)