На нозе сите, и секоја да ѝ удри по една тупаница по муцки и да ѝ плукне в лице. – Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очигледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка добриот кадија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овој се поразмрда, постенка пак, пушти една длабока воздишка и проговори: – Што стана ова со нас, бре ќерки? – Гајрет, кади баба, гајрет – почна да го теши Ајша, задоволна што остана жив нејзиниот добар кадија. IX дел ОД ПУСТОШЕЊЕТО на Чаништа и одведувањето на Анѓа се потресоа селаните и решија да се бранат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А, колку за потурчување, кажи му на твојот добар кадија дека робинката Анѓа главата ќе ја даде, ама верата не си ја менува; што сака нека прави. – Што вели, Ајшо? – тоа беше секојдневното прашање што и го поставуваше кадијата на Ајша уште од прагот на вратата кога си идеше од работа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
За сите одговори Ајша: – Го чекаат добриот кадија да ги погали. – Само да ги погали? – божем ја праша кадијата Ајша и почна со ред лево и десно да ги гали младите жени по бујните коси.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)