Но вистина е дека ако посакуваш да ги имаш тие потребни нешта со добар квалитет и во доволна количина мораш да преземеш лични постапки па дури и да избереш свој пристап.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Импровизираното не може да биде добро реализирано. Овде, во оваа моја земја, има толку многу аматеризам, што тешко може да се дојде до добар квалитет.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
За производот со добар квалитет и цена да биде добро пласиран на пазарот, треба да се понуди во најдобро дизајнирано пакување. И, најважното од сѐ е, да не заборавиме, името кое го прави брендот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Затоа и велам дека станува збор за будно следење на брзакот на личниот интерес.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)