Некогаш на замин, по „добар лов" ѝ потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бригадирот беше задоволен. - Ќе биде тоа еден добар лов, ако сум, го отчукал.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие разбраа дека тоа село сега на Петковден има селски панаѓур и тука се собираат селани од сите мариовски села, а панаѓурот трае три дена, та ќе направат добар лов уште тука и од другите села.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)