добар (прид.) - пријател (имн.)

- Татко ми Грујо и татко ти Никола се добри пријатели.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Туку треба да бидеш внимателен...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го отвораше фрижидерот. Посегнуваше по шишето со ракија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Последните неколку години, матичниот лекар го лекуваше од спондилоза, се додека мојот многу добар пријател Даскалов не ги виде метастазите предизвикани од ракот на белите дрободи!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Брајан Џонс и Нико беа добри пријатели, па тој и Дилан едно попладне заедно влетаа во Фектори, додека Велветите пробуваа, а јас со Дејвид Витни и Дејвид Вајт ги правев Сребре­ните Јастуци за мојата следна изложба во Кастели која требаше да се одржи во април. (Ги искористив и за Денс концертот на Марс okno.mk | Margina #15-16 [1995] 111 Канингем и навистина бев приврзан со нив: додека ги правев, имав впечаток дека мојата уметност исчезнува, како моите слики да одеа од yидовите и одлетуваа од нив во некој непознат правец).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во февруари Ролинг Стоунс беа во градот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имам една единствена книга за инсекти, мал застарен прирачник на француски, кој на шега ми го подари една добра пријателка - поради мојата градина, необичноста на сликите, да се забавам читајќи за глистите на еден толку отмен јазик - и мојата бубачка во таа книга е прикажана на слика како се качува низ стебленцето на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тогаш моите добри пријатели, бубачките, тревите и цвеќињата ќе се удават во солзи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потем ме прегрна, и како стари и добри пријатели, тргнавме по пругата. „Во Велес ќе се качиме на возот“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така изгубив еден добар пријател, првата книга што ја засакав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Знаеше дека среќата треба да ја примамиш со својата внатрешна среќа, дека среќата бара да ѝ постелиш среќа за основа за да долета кај својата стара добра пријателка, внатрешната радост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Рече дека ден пред тоа запознал галерист кој бил добар пријател со човекот кој го нарекуваше свој татко, човекот кој го беше одгледал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му го кажал она што го знаел – го родила девојка која тогаш имала петнаесет години, се викала Гертруда, и во тоа време, пред осумнаесет години, живеела на улица која Рајнер ја имаше запишано на парчето хартија кое го држеше во раката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Миодраг Булатовиќ бил добар пријател со Иво Андриќ. Честопати заедно оделе на прошетки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Притоа само се погледнаа и сѐ беше во ред. Сега веќе беа добри пријатели и секоја вечер заедно го затвораа дуќанчето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па ние сме ти веќе добри пријатели, човече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа и нејзиниот маж се мои добри пријатели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѓурчин победил, му ја отсекол главата, ја ставил в зобница и ја однесол во Солун кај Лобуд-паша (со кој Ѓурчин бил добар пријател) бидејќи знаел дека неговата глава била уценета од турските официјални власти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пиратите не личеле на чавки и биле, несомнено, многу повеќе од само добри пријатели, а јас многу повеќе налик на обична девојка од приказните со среќен крај…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како чавка која чува светликави предмети во своето гнездо, привлечена од нивната уникатност, тој умееше да биде добар пријател како протагонистот Чавка од еден стар југословенски филм.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во тоа време дојде една добра пријателка на мајка ми и нејзина подалечна роднина, па таа ја разбуди стрина ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во САД имам две добри пријателки од сту­дентските денови, кои се иселени од Македонија, десетина години.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А и, добри пријатели сме.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Навијстина се плашеа од неа, ама кога почна да ги гали, попрестрашија и изгледа добри пријатели ќе бидат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Инаку е филмски композитор, вечен левичар, активен учесник во разни љубовни незгоди, прекрасен човек и добар пријател.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се викам Стивен Леонард Џонс и имам дваесет и пет години и тукушто дојдов од планетата Земја и сега стојам со своите добри пријатели Регент и Шо, покрај стариот бунар на Марс. 60
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во педесетите Де и Џон Кејџ живееја горе во Помона, близу еден до друг, и многу бргу станаа добри пријатели.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Најзадоволен бев кога ќе успеев да направам некоја потполно ледена, “несвесна” слика. (...) Де беше доволно добар пријател со Џаспер и Боб, затоа мислев дека тој ќе може да ми каже нешто што ме мачеше доста долго: Зошто тие не ме сакаат?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Трансформацијата на љубовната афера со Летка авторот веќе ја имаше преболено или ја преболуваше, но за чудо, што обично не се случува, тие останаа добри пријатели на кои разговорите им беа забавни, средбите многу поретки но не прекинати и секогаш проткаени со хумор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Цигарите се подобри пријатели од луѓето, ми вели. — Така нека биде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми беше добар пријател и сакав да се дружам со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па и тоа понекогаш не помага.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мораме да бараме помош од мајка ми, или од татко ми, да им се јават на Вале и Ставре – кои им се добри пријатели, и да ги замолат Мила до подоцна да се задржи кај нас и да вечера.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)