Додека алкохолот ги разврзува јазлите и ги кине инхибициите создавајќи ексцитации и добро расположение во друштвото, и привидно подигајќи ја душевната и телесната снага на опиениот, опиумот омамува многу посилно и ги отстранува непријатните впечатоци, предизвикува еуфорија, која стреми да се проживее во осаменост, потиснувајќи го истакнувањето на личноста“ (Flury).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Има денови кога, на чуден начин, владее добро расположение.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Друштвото беше во нешто повеќе од добро расположение. Токму тогаш се зезаа со Еда.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ако е пак во добро расположение, ќе почне да бара низ фиоките и јас тогаш ќе го искористам моментот и убаво ќе разгледам што учи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тетка ми Оце, Дена и јас се стискавме одзади, меѓу патните торби, кесиња со храна и играчките на Дена, и не ни беше којзнае колку удобно, ама ништо не можеше да ни го расипе доброто расположение.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Сега сме на куп сите женски од нашето семејство – забележа тетка Ане, видно задоволна од тој факт.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И со овој настап владиката го плени Греманецот кој падна под споменатите зборови на митрополитот изговорени на совршен германски. „Убаво сте се сместиле тука”, му рече Хрисостом на есесовецот, во исказ во кој војникот не ја препозна суптиланата иронија на владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„На доброто расположение на еден германски воспитаник и на неговата желба да поразговара со некого на јазикот на својата младост.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)