Едноставно, немаме добар јазик за таа појава – само разнообразие од критички народски зборови (како што е зборот „идентификација“), сите до еден збунувачки, штетни или непрецизни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо тоа, таа мобилизација создава полиња на практика и чувствување што ги исцртуваат можностите за контакт или сооднос помеѓу културните форми и нивните публики, нивните потрошувачи и нивната јавност, а кои се пренесуваат од една на друга генерација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Идентификацијата“, „деидентификацијата“ и „вкрстената идентификација“ претставуваат обиди да се артикулира општото, нејасно убедување дека ангажираноста на машката геј-култура со ликот и персоната на Џоан Крафорд остварува нешто важно, нешто значајно, нешто особено вредно за тие што учествуваат во таа култура.
Она со што си имаме работа, најпосле, можеби е особен вид на ангажираност што некако ги мобилизира комплексните односи на сличност и различност – но без да воспоставува субјекти и објекти на вообичаените начини.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)