договорен (прид.) - знак (имн.)

Три кратки, две долги светла. Договорен знак за врската отаде границата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зачука со договорен знак, четири едноподруго удари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога тој го знаел само договорниот знак по кој ќе се препознае со врската, а дали таа ќе се појави како познат преправен во непознат или непознат преправен во познат, дали како женско маскирано во машко или обратно, тоа Баге ниту го знаел ниту требало да го знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И покрај тоа што на вратата се повторува договорениот знак, тројца во собата заземаат позиции што не допуштаат да бидат изненадени и измамени.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И смртта ни ја одзедоа... (Го прекинува договорениот знак на вратата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Повторно пие. Овој пат со цврста намера да го испразни до дно. Токму кога тоа и го чини, на вратата се слуша ѕвонењето, со договорениот знак.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Уште пред да се чуе договорениот знак, Луков ја отвора ненадејно вратата. Во вратата е Методи.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На ѕвонењето на вратата, не се отвора освен ако е нашиот договорен знак, а штом некој ќе се обиде да влезе насила - се пука без предупредување.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: (Излегува. По малку се слуша договорен знак.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)