додатен (прид.) - трошок (имн.)

Малолетниците секако би можеле да дојдат полесно до дрога, иако постои основен интерес да им се укаже заштита сè до моментот кога ќе станат правно одговорни да решат дали ќе ги користат опасните супстанции.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и повеќе, уживањето на дрога би можело да се прошири, дури и значи­телно, што на останатите членови на општеството би им наметнало додатни трошоци, какви што би наметнала зголемената потреба за здравствена заштита на сиромашните уживатели.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)