докторски (прид.) - дисертација (имн.)

Тоа е д-р Паскал Сотировски, кој дниве ја одбрани докторската дисертација.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во моментов живее и работи во Виена кадешто ја пишува докторската дисертација за идеологијата на критиката. Има преведено две дела од Сигмунд Фројд.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во своите научни трудови, во објавените докторски дисертации, тие му ја искажуваа на Татко својата голема благодарност за несебичното и за исцрпното откривање на сиџилските клучеви, неопходни за успешните трудови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Објавени книги во засебни изданија Збирки раскази
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За Иван Точко и за неговото творештво одбранета е докторска дисертација од Александар - Цане Здравковски на 25 декември 1980 год. на Филолошкиот факултет во Скопје, а синтетизираната верзија од таа дисертација, монографијата „Иван Точко“ ја објави Книгоиздателството „Македонска книга“ во Скопје во 1984 год.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тој период од Даница Цветановска беше одбранета и првата докторска дисертација за животот и творештвото на Стојан Христов Фолклорната традиција во литературните дела на Стојан Христов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Било како било, ним не им требаат геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓу механизмите за справување со општествената доминација за кои Адам сметал дека им се заеднички на разните угнетени групи што ги проучувал беа и оние што ги нарекол „бегање од идентитет“ и „внатрегрупово непријателство“.440 Овие фрази упатуваа на општествените и на индивидуалните стратегии преку кои припадниците на угнетените групи гледале да ги смалат личниот цех и психолошката болка на општественото отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Адам, кого веќе имав пригода да го цитирам, ја објави својата докторска дисертација (која стана првата од многуте негови книги), по име Опстанокот на доминацијата: инфериоризацијата на секојдневниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И нема што да читаат романи, да гледаат филмови, да запишуваат предмети, да гледаат изложби и да одат на културни фестивали што се фокусираат на геј-мажите. ‌Во 1978 г., канадскиот социолог Бери Д.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И си имаат стрејт-мажи да им бидат икони што ќе ги посакуваат – спортски јунаци, фотомодели, ѕвезди од големото платно и од малите екрани, мажи во униформа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
18 На ѕидовите од собичката висеше врамено писмо од Samuel Beckett во коешто младиот Beckett ѝ се заблагодарува на Gail што го избрала за тема на својата докторска дисертација. Gail ретко беше дома, па времето повеќе сакав да го минувам во кујната одошто во собичката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја бараше собата број 17, во која престојувал пред војната, во времето кога ја бранел својата докторска дисертација на Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И најпосле започна најзначајниот настан во животот на Климент Камилски откако се врати од Голи Оток кога требаше да ја покаже со Татко, како сојузник, својата полезност за човештвото, посебно во доменот на воспитувањето на детето, неговата тема на животот и одбранетата докторска дисертација во младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никогаш од душата не можеше да ги избрише страниците на Октомвриската револуција, кои останаа запишани во заклучокот на неговата сорбонска докторска дисертација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски по одбраната на докторската дисертација во 1936 година на Сорбона, во зенитот на својата револуционерна младост, ќе замине како доброволен борец во шпанските боишта на страната на Ла Пасионарија, горд што на истите боишта ќе бидат и Андре Малро, Орвел, Хемингвеј и многу други славни личности на времето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој зборуваше со голем занес, како пред катедрата пред некогашните студенти, како при одбраната на својата докторска дисертација во Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковиот пријател, професорот Харалампие Поленаковиќ, ќе му ја даде на увид на Татко својата докторска дисертација на тема Турскиот елемент во ароманските говори во Македонија, одбранета во Загреб во 1938, под менторство на професорот Петар Скок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски толку многу инсистираше што Татко најпосле му рече, ако има време, да ја побара кај париските букинисти докторската дисертација објавена како книга на Нахум Вајсман, Јаничарите, објавена кај Либрери Дорин, во 1938 г. (Nahum Weissman, Les janissaires, Librairie de la Facult des Lettres, Paris, 1938). И само толку!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски не успеа, како што предвидуваше неговиот професор од Сорбона М.П. Фоконе (M. P. Faucaunnet), со својата докторска дисертација За психологијата и однесувањето на детето, на балканското посебно, еден ден да биде посебен прилог за моделирање на педо-психолошкото влијание и движење во неговата земја и пошироко на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски наоѓаше врски помеѓу јазикот и кујната, зборот и вкусот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој е во егзил и дома, бидејќи неговата докторска дисертација за педагогијата и развојот на детето, одбранета на Сорбона, е забранета во неговата сопствена држава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски го спознал во младоста славниот книжар кој му бил и еден вид ментор во откривањето на книгите за изработката на својата докторска дисертација од областа на педагошките науки и тој му останал во незаборавно сеќавање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од голема полза на Климент Камилски му беше и позајмениот примерок од Татко на докторската дисертација на Харалампие Поленаковиќ, ТTурскиtте елеменtти во ароманскиоtт јазик, одбранета во Загреб во 1939 година, под менторство на Петар Скок, основоположник на јужнословенската романистика.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми беше предложено како поранешен дипломец по педагошки студии да работам на докторска дисертација...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, уште како студент и докторанд на Сорбона, располагаше со главните дела на Андре Мазон и во College de France им се восхитуваше на неговите предавања за руските класици Иван Гончаров (за кого своевремено одбрани докторска дисертација на Сорбона) за Иван Тургенев, од Пушкин и Шевченко до Достоевски и Толстој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие апсурди на понижениот ум им се заеднички и на едниот и на другиот лик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така прифатив да работам на докторската дисертација со наслов Придонес во проучувањето на детето (методи и современи теории), ( Contribution l tudе de l Enfant (Methodes et theories contemporaines)).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев наивен кога работев и ја одбранив докторската дисертација кога поверував дека дијалектичко- материјалистичкиот, односно марксистичкиот приод што го имав на париската Сорбона, во демократската и толерантна Франција, ќе претставува вистинска замка во мојата земја во времето на расчистувањето на сталинизмот кога страдаше сѐ живо и диво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Книгата на Климент Камилски, која можеше да се најде во светските библиотеки, во неговата земја, за која, впрочем, беше и наменета, во еуфоријата на сталинистичките закани стана невидлива, а нејзиниот автор заврши на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Авторот имаше чест да ги познава академик Оливера Јашар-Настева и академик Харалампие Поленаковиќ овие две маркантни личности да дели незаборавни моменти со нив, да им се восхитува на нивната ерудиција, мултиетничка и мултикултурна проникнатост не само во балканскиот јазичен сојуз туку и на неговото разгранување во сите други сфери на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пишувањето на романот Балканвавилонци не можеше да се замисли без повеќегодишното консултирање на фундаменталните лексикографски дела на угледните балкански автори како што се Речникот на ориентализмите во албанскиот јазик (околу 4 500 зборови со турско, арапско и персиско потекло) на лексикографот Тахир Н. Диздари, започнат да се пишува за време на неговата интернација во Италија во 1940 година (преиздаден во Тирана во 2005 г.: Tahir N. Dizdari, Fjalor i orientalizmave ngjuhn shqipe, Instituti shqiptari mendimit dhe qytetrimit islame, Tiran, 2006), драгоцениот речник на турцизмите во српскохрватскиот јазик (на Абдулах Шкаљиќ (Abdulah Skaljic, Turcizmi u srpskohrvatskom jeziku, Svjetlost, Sarajevo, 1966) драгоцената монографија, работена со високи научни дострели на академик Оливера Јашар-Настева, Турските елементи во македонскиот јазик, (како посебно издание на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков, Скопје 2001), реткиот и драгоцен труд, докторската дисертација на Харалампие Поленковиќ, бранета во 1939 година под менторство на проф.Петар Скок, Турските елементи во ароманскиот јазик (со компаративен лексички приказ на сите заемки во балканските јазици објавена од МАНУ, 2007 година).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Андре Мазон ќе појде во Јасна Полјана за да се сретне со Лав Толстој за да проникне што подлабоко во рускиот роман работејќи врз докторската дисертација за рускиот романсиер Иван Гончаров.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Решив на Мариела да ѝ дадам посебна задача, а тоа беше времето кога нејзината преокупација со Москополе избледна и таа започна да работи на својата докторска дисертација на сосема друга тема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа веќе подолго време волонтираше во Друштвото, паралелно работејќи на својата докторска дисертација со наслов “Ресоцијализација на алиенираниот човек во наши услови”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ваков потфат заслужува внимание. (Во Париз е објавена и една книга на Старова која претставува компаративна книжевна студија за односите помеѓу Гијом Аполинер и Фаик Коница, во издание на познатиот издавач на балканските литератури „Еспри де пенинсул”, дел од докторската дисертација, одбранета пред дваесетина години на Сеучилиштето во Загреб.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еден друг ден ми дојде идејата да побарам од сестра ми да ми даде два примерока од нејзината објавена докторска дисертација за да ви ги испратам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа ја објави својата докторска дисертација за филозофијата на меѓународното право.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во својот „космополитски вознес” ја одбранив на Свеучилиштето во Загреб докторската дисертација, напишана на француски јазик, „Делото на Фаик Коница на француски јазик и неговите врски со Гијом Аполинер”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кој сум јас за оваа машинерија за создавање непријатели, за да се осмелам го „рехабилитирам најголемиот албански непријател во историјата”, дури да го бранам неговото дело во докторска дисертација?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)