долг (прид.) - пауза (имн.)

Во тој момент целата група почна длабоко, бавно ритмички да извикува „ Г-Б !... Г-Б !.... Г-Б ! - повторно и повторно мошне бавно, со долга пауза меѓу првото Г и второто Б - еден тежок мрморечки звук, некако чудно дивјачки, од чија заднина како да се слушаше тупкање со боси стапала и удирање на там-тамови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Настана долга пауза, штама, која траеше сѐ додека не се паркираа пред нишкиот парк.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
(Собата. Сосем е празна. Во неа има само една столица и ќебе на подот. Борис седи на столицата. Небричен е два-три дена. Бос. Одвреме-навреме пие ракија. Долга пауза. Станува. Вади клуч од џебот. Ја отвора централната врата.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Матеј пушта многу гласна музика. Долга пауза. Борис нешто му вика на Матеј. Матеј го исклучува магнетофонот.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ЈАКОВ: Што друго може лудилото освен да покаже што мисли за вас? (Долга пауза. Се гледаат.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Летците ги става во џебот. Седнува. Гледа во револверот. Долга пауза.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Борис шета горе-долу низ собата. Долга пауза. Од џебот ја вади цигарата од Американецот. Ја мириса, ја враќа в џеб.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МАТЕЈ: Јас бегам. БОРИС: Матеј, ти остануваш. МАТЕЈ: Бегам. Бегам. (Остануваат неподвижни. Долга пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Камбаната бие, удира по три пати со долги паузи, гласот броди над селото, бега на сите страни, тони во срчата на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вера ја почувствува празнотијата што висна во воздухот помеѓу нив, така што долгата пауза стана неизбежна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Илко одговараше, но тешко. Правеше долги паузи, замолчуваше, жештината го имаше сварено и едвај чекаше да подлегне, да се одмори.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)