долг (прид.) - прошетка (имн.)

Татко и Камилски си имаа обичај долгите прошетки во источниот и западниот брег на градот, односно лево и десно од реката, поврзувајќи ги со камениот мост изграден уште од султанот Мехмед II, да ги завршат во големата Железничка станица, која беше една од најубавите станици не само во овој дел на Европа туку и пошироко, гледајќи ги меѓународните возови Балкан-експрес и Балкан-ориент, како патуваат преку границите кон исток и запад, север и југ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакав утрото да станам рано и, како што е редот, да си го исполнам денот со пливање, сончање и долги прошетки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А, апстиненцијалната криза ја совладуваше со долгите прошетки со неговата Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ги имаше истите долги прошетки со преплетени прсти, долги бакнежи и страст со која се стопира времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Единствениот мир за Рада во куќата беше само кога Томо беше во домот или кога со него одеше на долгите прошетки низ градот и околината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
До крајот на својот живот, дедо ми Александар излегуваше на долги прошетки со еднаква потреба и без непотребни паузи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Понекогаш таму, во долгите прошетки и го придружував.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И потоа, се разбира, моите мисли се пренесоа на вашиот текст од Татковите книги, во кој пишувате за престојот на вашиот татко во Истанбул додека бил студент и за неговите долги прошетки крај кејовите на двата брега, азискиот и европскиот, во потрага по конечниот за да фрли сидро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По долгата прошетка, од зајдисонце до првиот мрак, нозете малаксуваат и одвај чекаат да си починат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само еднаш Роза ја подотвори вратата од неговата соба, и пред да ја затвори, рече: “Постојано мислам дека ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тие долги прошетки во ограничен простор, не влегувавме единствено во собата на Херман, во која тој спиеше до заминувањето во војна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На моите долги прошетки покрај рафтовите, продолжи тој, во средбите со книгите, (имајте предвид: на овие катови се пренесени речиси сите знаења што им пречеле на некогашните поробувачи поради идеите застапени во нив) се среќавав и со таа веќе спомната вечност на вистините.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Луиџи Пирандело СВЕТЛИНАТА ОД СПРОТИВНИОТ ДОМ Oва се случи една недела навечер, кога по долга прошетка, се врати дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаеја само дека работи во едно министерство, дека е адвокат и – толку.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)