„Многупати врз мојава куќа се струполувала несреќа. Должен сум да помогнам, да се молам.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Луѓето, не и ѓаволите. Допри му го малку челото. Можеби попчево не е без рокчиња.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
— Должен сум, вели, да ви ја соопштам тажната вест дека почина генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, таткото на народот и нашиот голем учител и водач, генералисимус Јосиф Висарионович Сталин.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Притоа должен сум да ве потсетам дека другарката Цвета Басотова тврди оти многу ретко го носела тој ѓердан.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се чуди од каде ви е информацијата дека ѓерданот и е одземен со единствена намера нашиот виден раководител да и го подари на својата секретарка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
MICHAEL WHITE ДЕКОНСТРУКЦИЈА И ТЕРАПИЈА Од страв дека некои читатели можеби ќе бидат разочарани, пред да продолжам со својата дискусија за деконструкција и терапија, должен сум да ве информирам дека овој текст не се однесува на деконструкција на знаењата и практиките на специфични и етаблирани модели на терапија, ниту пак за деконструкцијата на било кое посебно тераписко “движење”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На 24.11.1903 год., додека Мисирков сѐ уште беше во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Независно од тоа како и на ова мое писмо ќе погледнете, должен сум да ги изнесам моите грижи по повод брзото ширење на македонското национално движење, кое не само што ја зафати Македонија, туку наоѓа одзив и овде меѓу македонската емиграција, а најмногу кај интелигенцијата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во овој момент би сакал да го продолжам нашиот разговор надевајќи се дека вашиот ред да слушате и мојот ред да зборувам заврши во исто време. Превод: Љупка Трајаноска okno.mk | Margina #4-5 [1994] 39
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)