Илија беше предупреден од Бешот за станатиот пресврт кај Толета и му беше возложено да го примаат како човек од Организацијата, но со една резерва: да не направи некои испади предвреме, та место да помогне, да спречи некои работи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Велеа дека и онаа чешмичка во горниот дел од Маказар, единствената во тој дел од која се служат луѓето за пиење и за домашни потреби, ќе секне, зашто и таа била носена, дамна, од оној предел горе над патот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На третиот четвртиот ден од разделбата со Бешот и Атанаса, Толе префрли на Градешко и во Уруп го најде на бичкијата, како нарачан, Илија Гуцев каде си бичи штици за домашна потреба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)