Во неговиот проект доминантна беше идејата за лавиринтите (посебно за границите лавиринти), потоа метафората за јазиците (опфаќајќи го потеклото на јазиците, универзалните вештачки и природните јазици, чистењето на јазиците од зборови од други јазици, јазичната унија на балканските јазици), тука беше и постојаната идеја за јаничарството и јаничаризмот (во сите балкански империи и со неговите метаморфози особено во отоманскиот османскиот период, влијанието врз идентитетите, верските конверзии, идеологиите), потоа идејата метафори на балканскиот бестијариум (метафората на козите, на јагулите, на жртвениот јарец), војните (балканските, светските) и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко беше свесен дека според научните сознанија говорните јазици на Балканот беа поделени во три големи семејства: фино-угриското коешто беше претставено со унгарскиот јазик, фамилијата на турско-монголските јазици, во кој доминантен беше турскиот и на крајот сите други јазици кои $ припаѓаат на големата фамилија на индо-европски јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)