Уметникот во новата, комуникациска ера веќе не си е, како некогаш, доволен самиот себеси затворен во својот микро-свет, туку сега е граѓанин на светот, отворен кон сите култури, традиции и индивидуалности во интеракција. (што не значи дека „изолираниот уметник” е мртов - бидејќи уметноста сепак е осаменичка работа, а мејл-артот само разгорува некои стари жарчиња за односот меѓу уметникот и светот - туку само зборуваме за доминантни модели, како во животот така и во уметноста, како во комуникацијата така и во творештвото, сè повеќе разбирајќи дека сето тоа е исто и дека она страшно осамено, тогаш, Life = Art на Дишан, денес е толку секаде-присутно што, веројатно, за некоја година, како реакција на „промискуитет носта на информацијата и уметноста” ќе се појават „Новите езотеричари” кои, како некогаш алхемичарите, ќе се обидат да сокријат, да сакрифицираат одредени зони од знаењето, иако процесот е толку залауфан што...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Уште повеќе, како што се залага де Лауретис, сите жени се исто така вклучени во конфронтација со одредената претстава за Жената, претстава која е културално доминантен модел за женскиот идентитет.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)