достоинствен (прид.) - старец (имн.)

Есенската слана беше ја оседела неговата „брада" и тој изгледаше како достоинствен старец кој се приготвува подолго да се одмори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но тогаш светот веќе изгледаше како мирно место, исполнето со љубов, а пред нејзиниот кревет бдееше еден достоинствен старец со нежни движења и со смирувачка насмевка, кој ѝ ја врати волјата за живот со две хипнотички движења на раката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- „Сега имате можност да плачете колку што сакате“ - ѝ рече докторот со глас што заспиваше. -„Солзите се најдобар лек.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)