Со себе носам бури и насмевки Последен воз до светлиот yид спротивности кои немаат значење се случува да ја промашиш станицата тоа е дел од неоформеноста Верувам во лажни вистини сладок е крајот кога го нема и дозволувам да бидам шут добро е да имаш сопствена бездна Би создавал нашминкани прасиња а немоќта да ја криеш во џебот но тие се раѓаат такви секогаш е денот посветол од сонцето имаат стаклени очи, памучни уши држи во прегратка две птици и дрвени нозе. едната го носи гласот на стихот Сум градел и поинакви долини другата е само обична птица преплавени со отсечени јазици Два дена го сонувам патот пробиени ушни тапанчиња дел од него е покриен со сомот распукани черепи и истурени мозоци дел се губи во празнината Сето тоа го најдов наоколу своеглаво го напуштам празниот стол Во мојот, Во твојот, Во било чиј град на него останува мојата трага среде парковите без трева и земја мирис на изгубеност во етерот чуден е овој глас. среде згради и улици од бетон и асфалт. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Браќата не престануваа да копаат по бездната на својот ум: некој пророк со дрвена нога претскажал пожар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ајкули, постелете ги софрите, доаѓа храна, жилаво гусарско месо и дрвени нозе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќе излезе и Јоргос со дрвената нога.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нумо си ја поднамести дрвената нога, го исплука догорчето и ја запали цигарата што беше си ја ставил зад уво.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пребледе, посиве небото. Беловина се појави на врв рид што вишнее отаде шума. Врз дрвената нога капки роса.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ќе дојде и тоа време кога со овие дрвени нозе ќе зачекориме по булеварите на Солун и Атина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Одеднаш станав, ја подигнав над глава мојата дрвена нога и колку што ми држеше силата, удрив со неа по масата и реков.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ја издржал борбата, останал со умот во главата и кога разбрал дека му ја запалиле куќата со децата и жената внатре, продолжил да се бори со една дрвена нога, таков го запознавме и ние во Гаково.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога си отидоа Србите, а дојдоа Бугарите, Курназ не само што ја преименува трафиката во бутка, ами пак извади од дрвената нога друго пусулче, во кое сѐ пишуваше исто како во првото, само што место зборот „српско” стоеше „бугарско” а напати и „оплченско”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како да ги вадеше Курназ не од закатанчените магазини на предвоените и воените трговци, туку од скришните шуплинки на сопствената дрвена нога.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тогаш стариот Курназ, потпирајќи се на синот, а не на патерицата, се дрзна да влезе во самиот Комитет и да ја тропне својата дрвена нога врз бирото на секретарот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Шупливиот дел од дрвената нога го полнев со хулахопки и другите работи и право во Брно, каде лично и своерачно им ги облекував на милите студентки од земјите на социјализмот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А на оние шутраци, цариниците, ич да не им текне ниту за стариот и новиот велосипед и ниту за шуплината во дрвената нога.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Артур Шопенхауер: Светот како воља и претстава. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Духот, кој е толку измачуван, ја кине нишката во своето помнење, празнините ги исполнува со измислици и така, бегајќи од болката која ги надминува неговите сили, спасот го бара во лудилото, а тоа е како кога ногата, зафатена од гангрена, се отсекува и се заменува со дрвена нога.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но таа ја гасеше светилката кога ќе легнеа во креветот: и заради светецот да не ги гледа и заради Илка - да не и ја гледа нејзината дрвена нога.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)