Затоа, наместо него, на изложбата беше изложена потполно верна реконструкција што неодамна ја направи Улф Линде, поранешен директор на Музејот на модерната уметност во Стокхолм. (претходната реконструкција што тој ја направи во 1961 се оштети - како и оригиналот - при транспортот).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Беше ставена во стаклена кутија со дрвени рамки, пред неа гореше нешто како мала свеќичка, ама не беше тоа, а на фотографијата се гледаше жена со дете во рацете, а некакви чудни дечиња со бели крилја, летаа над нив во облачињата што се белееја.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Овааа реконструкција беше поставена на масивна дрвена рамка, со иста форма и димензии како и постаментот врз кој делото за прв пат беше изложено во јавноста на меѓународната изложба на модерна уметност во музејот на Бруклин во 1926 година.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не само во тие дрвени рамки на рабовите од платното, туку во рамките на собата во која се наоѓате, светлината, просторот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Бил кимна со големата глава во правец на кулата со екранот, која сега личеше на гранитна шахта, но која всушност беше дрвена рамка потпрена на масивна основа од ѕидана конструкција, бочно обложена со танка цементна кошулка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тропкањето со непознато потекло му ги отвори очите; ја сврте главата кон прозорецот и здогледа врапче како со клунчето кљовка во дрвената рамка и повремено, накривнувајќи си го главчето, фрла поглед преку стаклото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)