На тие дрвени форми никој не им обрнуваше внимание, никој не ги гледаше, но учителот трепереше од радост кога такво парче ќе најдеше; го вртеше низ рацете, го гледаше, а потоа го носеше во својата соба во училиштето, го оставаше на полицата и седнуваше крај него гледајќи го со часови.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А езерото исфрлаше разни дрвени форми што некогаш ги свлечкало од дрвјата крај брегот: коренчиња, ветки, чатали, и ги држело во себе, ги мазнело во песокта, ги вајало и повторно ги исфрлило на брегот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)