дрвен (прид.) - чекан (имн.)

Ја кренав главата. Судијката ме гледаше право в очи. Или можеби така ми се причинуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој миг судијката удри со дрвениот чекан на кружната гумена подлога што стоеше на масата, веднаш до бокалот со вода над кој беше распослана салфетка во розова боја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мажот може, а неверната жена ја стрижеле до кочан, ја качувале на магаре, ја удирале со дрвен чекан по глава, како во оној филм.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ве разјаснив подобро одошто сте си јасна самата себе си. (Влегува Кристина, Носи чекан и чаша вода.) Требаше дрвен чекан.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)