Албанија 713 квадратни километри со делови од Охридско и Преспанско Езеро; делот, пак, што од живиот македонски организам во таа европска лудничка касапница го уќари Србија, 25.774 квадратни километри, односно 25.411 квадратни километри без Качаничка Клисура, без горниот ток на Лепенец, Прешовска пресека и најсеверното македонско културно и духовно жариште, манастирот Прохор Пчински, Македонците, при крајот на Втората светска војна, на Илинден, на 2 Август 1944 година, го изборија, во државните граници на ФНРЈ, за национална држава на сиот македонски народ, заснована врз суверенитетот на народот - Социјалистичка Република Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кој ќе го плати тоа, која ли нова држава ќе ги залечи раните, кој нов пасош ќе ја надокнади загубата на детето, која државна граница може да ги врати животите, се прашувам...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И така патот продолжува, со кратки одмори, кон Париз, и така, додека ја минуваш Еворпа, додека нејзиното срце го сечеш со колаи поминуваш многу државни граници без формалности, без долго и мачно прегледување на патните исправи, без удирање на печати и други формалности, не се лувствуваш дека си минал од една во друга држава, туку како да си минал од еден во друг град на иста земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога се доселивме овде, таа адреса ја научив напамет како „Чиста Дана“, за во случај да се загубам во овој град, кој (сосе околните села и предградија) зафаќа површина колку Македонија во нејзините меѓународно признаени државни граници.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Не можејќи да го занемарат тој факт, Амбасадата во Атина сугерирала дека било многу тешко да се изврши "трансферот на македонските Словени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Следувал многу логичниот заклучок дека "односното население не е отсечено од неговите 'браќа' надвор од значителното грчко население во источна Македонија, туку обединето со него преку природниот пат низ битолскиот теснец и отсечено само со државната граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но тој "критериум не е прифатлив за провинциите (како што се Босна, Херцеговина и Македонија) кои се населени со хетерогено население" и дека "сите апологети на федерализмот се подготвени да прифатат арбитражна солуција за овој проблем, било со поделба на посебни делови или додавање на региони кои се населени со доминантно српско население на Србија и хрватски региони на Хрватска".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според увидот на американските аналитичари, "апологетите на федерализмот се залагаат за формирање бројни автономни единици во рамките на Југославија", прифаќајќи го "принципот на националните разлики како критериум за утврдување на државните граници".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Спротивно на тоа, во поголемиот дел од Африка и Америка, колонијалните граници почесто беа исцртувани без водење каква било сметка за локалната општеството и честопати на места без каков било историјат на формирање државни граници.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сепак, Бауд и Шендел сугерираат прекугранична перспектива, предлагајќи како единица 3 Michiel Baud and Willem van Schendel, “Toward a Comparative History of Borderlands,” Journal of World History 8.2 (1997): 213. 13 за анализа да се земе регионот од обете страни на државната граница.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Работникот Б. Н. (сега 30-годишен) живее во мало гратче од Источна Македонија, а е вработен во Министерството за внатрешни работи на РМ – Гранична полиција, на локација која се наоѓа над 100 километри од неговото место на живеење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На оваа работно место е вработен од мај 2005, кога од Армијата на РМ, каде што работеше од 2000 година како помлад водник – магационер, со решение преминува во новоформираната Гранична полиција и е распореден на работното место полицаец во Полициска станица за обезбедување на државната граница – Регионален центар за гранични работи Север.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)