Основна задача на Мухаремскиот декрет и на Советот за државните долгови била да обезбеди средства за плаќање на ануитетите и каматите по кредитите склучени од 1857 до 1873 година.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Под формата на „Совет на државните долгови“, во Османската империја била воведена туѓа финансиска контрола.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во Цариград се создал наполно независен од турската влада “Совет за државни долгови“ што имал за задача да најде средства за наплатување на кредитите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во 1895 година, на пример, планираните приходи било предвидено да се потрошат: за воените потреби 7.756.000 турски лири, за отплатување на државните долгови 6.483.000 лири, за административната управа 3.828.000, за султанското семејство 933.000 лири, за религиозните институции 796.000 лири.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)