државен (прид.) - служба (имн.)

Ги тевтиши што му згазиле во неговата „света земја“; ги псува, ги галати, но донесе пресуда да им удри Брниклијата по дваесет и пет дреновици и ги пушти да му носат поздрав на Арслана, дека Толе се свампирил и не пушта никого во својата територија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А такви имаше во сите државни служби, особено заптии и разни колџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе од 5.000 души Македонци има на државна служба само во Софија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Читаше што имаше некогаш запишано за јаничарите, за јаничарството на својот народ, за тие први везири, (садраземи), министри, војсководци, паши, чиновници на високи државни служби, кадии, имами, дипломати, посебно многу претставници на јаничари по перо, кои ја испишуваа историјата на царството, но и отворено или скришно и на својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секако, цели триесет години по паѓањето на комунизмот земјата живееше во константна економска криза и за многу луѓе работата во секретаријатот и останатите државни служби беше како добивка на бинго.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тодор, мртов сериозен, како што го личи човек во државна служба го означи крајот на состанокот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Државата водеше сметка за тоа кој вработува во своите државни служби, а Александар во тој поглед немаше некои посериозни алтернативи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Повеќето вработени, како и впрочем во сите државни служби гледаа да го поминат работниот ден по принципот Нишај врата, земај плата или како Александар и уште два – тројца од вработените да сработат онолку колку што Тодор ќе побара од нив, ни повеќе, ни помалку.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Млитавиот и сив општински писар трипати дневно ги ласкаше жолтите чевли, ги дуваше напудрените образи и уживаше во својата државна служба со каква во улицата можеа само тројца да се пофалат - тој, кусогледиот инспектор со несовитливи коленици и ќосавиот полн послужител во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
– Место да изнесеш прифатливи објаснувања за случувањата во месарницата; потоа за твоето пријателство со оној албанофоб Милошевски; за смртта на Самоников и посетите кај Зрновски кој континуирано врбува истомисленици за своите деструктивни дејствија, ти постојано инсисираш на некои чудни дури и неразумни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За да постои барем малку вистина во ова што го застапуваш потребни е да се сомневаш во пријателите и пријателките, во познатите и непознатите, во државните служби, во твоите комшии – Иследникот се подаде преку бирото кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Државна служба се органите на државната и локалната власт и другите државни органи, основани согласно со Уставот и закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработените во државната служба кои вршат помошни и технички работи за државната служба немаат статус на државни службеници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, со малку повеќе труд, истрајност и упорност слепата Терезија, доколку навистина сте обесправени, ќе извага на ваша страна. 1.  Интервјуто го водеше Ива Михајловска, на 5.III.2011, во Скоп­ је.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Скопје I – Скопје, и покрај сите наши обиди и инсистирања, не успеавме да го пронајдеме. 2.  Според чл. 3 од нашиот ЗДС (2000) – којшто досега е менуван и дополнуван 18 пати (!?) – под државен службеник во смисла на овој закон се подразбира лице вработено во државната служба кое врши стручни, нормативно-правни, извршни, управни, управно-надзор- ни, плански, материјално-финансиски, сметководствени, инфор- матички и други работи од надлежност на органот во согласност со Уставот и со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, најважниот услов за успех ќе биде изборот на уредник за ваков владин орган.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Уредникот треба да биде човек достоен во секој поглед, познат по својата усрдност и верност, кој ужива литературна слава без оглед што се наоѓа на државна служба, готов за корист на владата да го пренебрегне јавното мислење и почитување заради цврстото убедување во нивната целосна некомпетентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)