Затоа Тоде и неговите не се ни обидоа да ја обноват старата господарска зграда, туку си подигнаа други две, помали и модерни, во ливадчето зад некогашниот свињарник, во она што служеше порано за излачување на добиточниот подмладок.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ниту една од трите супер-држави не може да биде целосно освоена, дури ни заедно од другите две.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На жителот на Океанија не му е дозволено да знае ништо од основните поставки на другите две филозофии, но затоа го учат да се згадува над нив како над варварска навреда на моралот и здравиот разум.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Проверката на пиротехничарот не може да се земе за целосна, зашто тој во овие три дена испука само три мини за да провери, како и по три мини за другите две куќи - а Танаил само за еден ден испукува толку мини.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И ме разоткри, а кога притрчаа и другите две девојки за да побараат дозвола за сладолед, на овие од „пекарата“ им преседна муабетот, а беа и посрамени затоа што го препознаа јазикот на кој разговарав со децата и им беше јасно дека Германката - јас, сè ги разбрала, и дека оној најдобриот меѓу нив во одредени активности залудно си се проектирал некаде таму далеку со неа во Дизелдорф.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не за друго, заради едната третина на најважното нешто што го прави ЦЕЛО со другите две.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Таа борба бугарската буржоазија ја искористила за да го прошири своето влијание во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
До 1878 бугарската пропаганда во Македонија имала предност во однос на другите две пропаганди поради фактот што дотогаш Бугарија и Македонија биле во рамките на Османлиската империја и заеднички воделе борби за национално ослободување од повеќевековното османлиско ропство и духовно ослободување од стегите на грчката патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со своите акции Сарафов создал впечаток кај европските влади и јавноста, и одделно во другите две соседни на Македонија држави, дека сѐ што станувало во Македонија, сите подготовки на угнетениот народ за отфрлување на султанскиот јарем, се негово дело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Понекогаш Петре, ако заседнеа на работа, ќе го видеше Неби-ага како клања и на икинди намази, попладне, и кога овој ќе му ја објаснеше третата молитва во денот, која е меѓу пладне и вечер, ибн Бајко помислуваше уште на другите две што следуваа, додека неговиот пријател да си легнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Молчеше. Како секогаш што молчеа и другите две човечиња, залепени со маслени бои на избледената фирма „војно-цивилен кројач“.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Седнав на една поодалечена клупа од нив, а кога, по некое време, Лина и другите две жени си заминаа во бараката, Ева ми пријде и праша дали може да седне до мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Почнавме разговор, се прашавме од каде доаѓаме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)