Ролните, кои беа со еднаква должина (30 минути), не беа пуштени истовремено (едната завршуваше додека другата беше во тек), па дејството на овој начин, слично како во Sleep, би можело да се одвива во реално време.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Веќе идното лето, ако стоевте на аглот од шестата улица и Втората Авенија, приближно секој втор клинец што ќе поминеше беше на трип, а девеесет посто од другите беа на нешто друго.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Бидејќи постоеја дванаесет ролни чија содржина не е поврзана, Ворхол употреби трик за да ја избегне елипсата: филмот истовремено е проектиран на две платна кои претставуваа две паралелни дејствија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
” (Во надрогираните години што следеа, Пол многу пати призна: „Знаеш, таа моја изјава е најдобар пример на погрешна проценка”). 118 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Тие Лириеви Celebration, кои одеа таа есен, беа вистински есид курс за почетници.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Меѓу другите беше повикан и илузионистот „Бора III“ од Белград, а и пејачката група „Мањифико“ од Скопје.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Често мораше на овие асфалтни стрмнини, високи и до 18 степени, да се употребува прва брзина, зашто сите други беа безредни пред овие асфалтирани планински превои.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Што знаеја другите беше јасно само по себе - дека тој се стреми кон извесна рехабилитација, што е сосем природно и разбирливо.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не. Друга беше причината.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Едната беше црна, другата беше бела, но покрај тоа, тие беа идентични онолку колку што може да се постигне со козметичка хирургија.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На пример, постоеја два излога во Пасажот Шоазел, а само едниот светеше, затоа што другиот беше празен. Тоа не беше шега. Така.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Сѐ беше подредено на проблемот на желудникот... зарем не, на тоа се сеќавам, на едно нешто: само еден излог навечер беше осветлен со гас, затоа што во другиот немаше ништо, само едниот од двата излози беше осветлен, бидејќи другиот беше празен.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Единствено заедничко место каде можеа да се сретнат и едните и другите беа кладилниците и казината на Партизановска, што ги имаше на секој чекор.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Борбата се водеше во длабокиот снег, кој и за едните и за другите беше тешко совладлива пречка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сега мачорот му беше верен на Милан, а кон секој друг беше рамнодушен ако не и индиферентен.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сите други беа отепани, одрани и фрлени во таа дупката кулачка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ај порано, друга беше политиката и таму и тука, ама сега Македонија е држава и треба да ни помогне и да не брани и чува...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Според хаосот и редот на масичките, според начинот на кој беа средени или растурени, по таа чудесна геометрија на редот или хаосот, можеше да се прочита геометријата на изминатиот живот, нешто што, оние кои лежеа покрај масичките, и кои го имаа проживеано тој живот со чудесна геометрија, не можеа или не знаеја да го кажат со зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На некои масички предметите беа наредени со внимателност, понекогаш по строго определен ред, на други беа расфрлени, создавајќи хаос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едните во срцето ѝ создаваа топлина, другите беа мразни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Душка ја искористи приликата кога другите беа на подиумот за игра, кога Томо ја допиваше чашата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Причина за тоа, главно, имаше две: и едните и другите беа задоволни што работат за свои, христијански, газди, и - втората - што газдите беа такви, добри, и не ги тормозеа: во сè, во сите работи им веруваа, како тие ќе им ги прикажеа така беа и прифаќани.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И едните и другите беа загрижени; претполагаа дека кога се вакви, разбеснети, Турците на секого можат да му навасаат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На тоа згора, го послушал царот момчето и напраил три чардаци на едно широко место, та повикал сио град, мало - големо, да гледаат сите коа ќе му 'и дават трите вреќи со лаги момчето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа видел царот, на чудо станал како да ѝ натокмит момчето пак зајаците.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Помеѓу другото беше дописник на една телевизија од главниот град и тоа го сметаше за голем професионален успех.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Богатството на самовилата Еден момент бевме милионери во најтешката валута на светот, во другиот бевме питачи.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се погледна на малиот дел од огледалото, другиот беше зафатен од книгите кои, се чинеше, веќе се движат низ собата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како да водев два живота во еден, едниот против другиот Беше чудесен медитерански ден. Зарем ден на државен удар!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уште неседнат, на работната маса на амбасадорот забележав две отворени книги: една беше Дневникот на Андре Жид, во кој беше опфатен и неговиот туниски период, а другата беше романот на Андре Малро Човековата судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Требаше да се одржи внатрешната и надворешната рамнотежа и стабилност на земјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во светот се насетуваше крајот на биполарната епоха, се наѕираа првите пукнатини на Берлинскиот ѕид, крајот на Варшавскиот пакт и СССР, продолжуваше да живее. Движењето на неврзаните, макар што нејзините основачи Нехру, Насер, Сукарно, Тито и други беа исчезнати од животот и политичката сцена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше една од легендарните личности во која имаа доверба и Исток и Запад, и окупираните, и окупаторите. Беше човекот-надеж...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше две имиња за тоа. Едното беше „правење бебе“, а другото беше „нашата должност кон Партијата“: да, навистина ја употребуваше таа реченица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Едната се наоѓаше само еден или два метра оддалечена од него, а другата беше подалеку, во близина на вратата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во гестовите имаше манири на жена од повисок ред за кои таа беше свесна, но нив им придаваше некакво значење само во врска со сознанието дека со таквото однесување за другите беше поинаква, необична и интересна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Претпоставував дека и со другите беше таква.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Каде е Трајан ? - Сѐ еден до друг бевме... неразделни... пред мене падна... и не стана... камен се камноса... да би и јас да сум се камносал - таму - на Беласица...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Одбојноста една кон друга беше во нивните карактери.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И едниот и другиот беа послободни отколку првиот пат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Имаше секакви мислења: едни велеа да се реши никој да не му дава на Лумана ништо, па макар колел и бесел, други беа да се отепа, трети да му се стори тоа на Бошка Манев.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И едните и другите беа во право.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се упатив кон моето работно место во салата, каде што веќе Доминик, Пол и другите беа на своите работни места пред отворените компјутери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во писмото Грција се обвинувала за започнатата "кампања на терор, со цел истребување на Македонските Словени во грчкиот дел на Македонија поради што пребегнаа преку граница, барајќи засолниште во Југославија", а додека "стотици други беа мачени и убивани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
А тој друг беше Оливие.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Стотици цркви беа срамнети со земја, други беа адаптирани во работилници и фабрики, магазини, штали, киносали.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Едниот беше тркалест и со дупка во средината, сосема обичен, ама другиот беше најчудниот камен што сум го видел: И тој беше долгнавест и тркалезен, ама предната страна имаше лик на човек, тркалезен ама со очите над веѓите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Едно девојче, а другите беа машки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Едно од момчињата успеа да избега, другото беше убиено.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)