Така, во едно писмо од Иван Сапунаров (од Костурско, бивш студент во С.Петербуршката духовна академија, еден од основачите на ТМОК и негов прв претседател, потоа учител во Солун и член на ЦК на ТМОРО, задолжен да кореспондира со кружоците во Русија) од Солун од 15.12.1902 год.. одговарајќи му на претседателот на ТМОК Христо Шалдев, меѓу другото пишува:
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Објаснувајќи го ставот на Делчев по прашањето на атентатите, Кипров, меѓу другото пишува: „Гоце беше симпатизер на нашите идеи, но не можеше да се отклони од општиот принцип на Организацијата и затоа секогаш ни беше во опозиција и гледаше да не ’заузда’.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По забранувањето на весникот и затворањето на клубот, Дедов и Мишајков отидоа во руската престолнина и во меморандумот до руската влада и до Советот на С. – Петербушкото словенско благотворно друштво од 12.9.1902 год. меѓу другото пишуваат: „По завршувањето на Правниот факултет во Белград ние почнавме да го издаваме весникот Балкански гласник (Reviue Balcanique), чија цел беше да ги брани интересите на македонските христијани не само од угнетувањето од Турција, но исто така и од разните пропаганди, и да проповеда за самостојна Македонија во политички, национален и духовен однос.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)