Власта, во суштина е безлична; таа е „јас“ колку што е „јас“ и она „јас“ кое учествува во групен секс, каде сексуалните постигања на другиот стануваат дел од моето „јас“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако деконструкцијата во очите на другите станува филозофија или метода, тоа не е моја вина, туку вина на читателите.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Од секојдневните настани бил расчепен надве - едната половина му е врела, гори, во сѐ бара вистина, сиот разум му е во неа, другата станува трупец под мраз.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник со недоверба ги гледал треварите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едни паѓаа, други стануваа и трчаа, трчаа, трчаа кон Пероо... тука беше спасот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сивосиното око на кловнот се полни со влага. Од тоа другото станува безизразно, тапо, нечовечки рамнодушно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа е благосостојбата на отуѓувањето, што другите го оплакуваат како факт на себе-развластеноста, при што другиот станува наследен непријател бидејќи тој го чува нашиот отуѓен дел.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)