За да се качи на друг требаше време, за кое одбраната добиваше готова полна пушка, и така не даваше да се префрли никој преку високиот и дебел ѕид.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Едната ѝ припаѓа на ќерка ѝ , а другата требаше да биде за она дете од кое пред време се откажаа па таа и не се потруди да го роди.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Слободата значи можност да се дејствува по сопствена волја или, ако сте способни за тоа, на сопствен начин, што значи дека некој друг треба да биде компромисен или да се предаде.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ова не важи за слободата во однос на природата, да речеме за слободата на скулпторот што обликува камен менувајќи го неговиот изглед; во овој случај, колку повеќе вештина има тој, толку е послободен да ги примени своите уметнички идеали не на ничија сметка освен на каменот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Можеби му беше здодеано да се покрива кој е вистинскиот, па сега целата вистина за себе ја треснуваше на маса, а притоа јас и другите требаше да бидеме публиката која на тоа негово непријатно битие ќе му ракоплеска по секоја цена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
За едниот знаев, за другиот требаше да се домислувам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)