Еден те удира, а друг те исправа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некој му вели: „Дојде да ѝ избегаш на болеста, а овде друга те зафати: самотијата, спомените...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Што сме ние криви што играта така ја измислиле: еден те чува и трча околу тебе, а другите те дрпаат како кучиња, те штипат потргнувајќи се итро пред клоците на чуварот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- Што повеќе ѝ навлегуваш, сè потајна станува... Ѝ фатиш ли една нишка и тргнеш ли по неа, гледаш на друга те предава...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Таман мислиш си избегал од една мака, друга те повлекла.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Знам за него. За другите те прашам, - придаде тој помеко.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Што сме ние криви што играта така ја измислиле: еден те чува и трча како куче околу тебе, а другите те дрпаат, те штипат потргнувајќи се итро пред клоците на чуварот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А едно жешко време беше згазило: еден припек те удира озгора, а друг те начекува оздола.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)