Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сакав да си мислам – се разбира, наивно – дека моите вкусови сведочеа за моите лични согледби и дека не ме правеа нужно сличен со другите момци, со другите Евреи, со другите деца од средната класа, со другите Американци, со другите интелектуалци, па дури ни со другите класичари (докторирав старогрчки и латински на Стенфорд, поради што му припаѓам на уште едно забегано малцинство).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Алегра запозна две веридби, но никогаш не го вкуси свадбениот ритуал, сласта на брачната постела, првата брачна ноќ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Што се случи со нив? Алегра ја поставиле пред стрелачки вод со татко ѝ, мајка ѝ и други Евреи од Дорќол и Јалија и пукале во нив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)