Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На мудурот и другите Турци им турија од кокошката, но бидејќи тепцијата промириса на „домус", и како што рекоа они оти се вечерани, и дека дошле само на муабет „да поминит, зарем, времето", се напија уште по една ракија, ако по вечера, и станаа та си отидоа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А штом се потурчила сигурно и таа смрди како Адем и другите Турци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По него на неколку чекори, со пушката прекурамо, на коњ јаваше друг Турчин. Тоа беше неговиот придружник-сеиз.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- праша другиот Турчин.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Не! Твојот коњ ми ја испаси ливадата! - се прчеше вториот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Гледајте да не куртулите од тие проклети комити!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И наскоро оган се отвори, вџашен, — од едната страна комитите смели, бестрашните чеда во животот страшен, од другата Турци на булуци цели.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Дошло време за гозба. Еден Турчин ги поканил другите Турци на вечера.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)