Во другиот агол, како земна противтежа на таа симболика, претставена е оваа сцена: комшиската мечка се искачила на плотот со намера да прерипне ваму, но во последниот момент забележала дека долу подмолно ја демне песот Шаро, готов да ја задави.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во другиот агол се наоѓаше една мала полица за книги и Винстон веќе тргна кон неа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Единствениот Ворхолов ран филм што не се придржува до наведените монтажни принципи е Sleep. Sleep, како и повеќето рани филмови, се состои од 3-минутни ролни за Болекс камера што Ворхол во тоа време ја користеше. (Kiss исто така се состои од 3-минутни сегменти).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Секоја ролна одговара на еден кадар (и во овој случај на друг агол на камерата), но секој кадар е копиран два пати: Sleep е всушност тричасовен филм кој во монтажна верзија е двапати прикажан.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Куклите видоа не видоа, побегнаа во некои други агли на дискотеката барајќи си сопствена забава.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во тој исклучителен момент на повторно доаѓање, чувствуваше многу јака желба да биде поседуван од друго тело, поинаква материја во која мислите под некој друг агол би паѓале врз неговите раце, агол под кој мозокот би му работел позабрзано или воопшто не би постоел, постигнувајќи со тоа доближување до сегашноста или некое друго место во кое би можел сопствената рака да ја види од поодблиску и подалеку а да биде тоа истата таа, неизменета во својата припадност и внатрешна предодреденост за таква и ниедна друга форма, а тој сепак да не го мисли тоа и да не мора да биде во тоа така што постојано да мора да се навраќа кон истите нестварни помисли кои го одвраќаат од блискоста со она кое го има заборавено - но чувствува дека може да го сети, бидејќи го насетува, кога успешно би ја совладал пречката, би се надминал себеси или нешто слично, би прешол од другата страна (на истото). 48 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Секако, направени се машини на кои се имплементирани алгоритми за учење, и Геделовата теорема не зборува ништо за нивните ограничувања. Да погледнеме на ова и од друг агол.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Да го оставиме овој проблем на страна. ]е го допреме - за да имаме и друг агол - инсистирањето на темата на хермафродитизмот кај обајцата и, на пример, блиската иконографска релација која се чини го поврзува Leonardoвиот цртеж со перо на кој е претставен машки акт со четири раце и две глави, (11) хермафродит составен од еден младич и еден старец кои ги симболизираат Задоволството и Болката, и сликата насловена како Момче и девојка на пролет, која исто така е посветена на темата на хермафродитизмот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се разбира, изложениот случај би можеле да го посматраме од други агли.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Така задуман, или одвеан, еден ден забележав како претрча или прелета од едното во другото ќоше на одајчето, од едниот во другиот агол на окото, мало, црно глувче.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сентиментални навраќања: шепотот на дрвото покрај ѕидовите на мојата соба, чекање на дождот, неделната прошетка од едниот до другиот агол на улицата.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
НАБОКОВ - НАСТАН
Набоков - еден од петте најголеми романо-писатели на дваесетиот век (Џојс и Селин се неприкосновени, останатите допишете си ги по желба) пак ви го претставуваме од друг агол (по Темплум книгите на расказите и поезијата на Набоков) - со драма!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во сандакот му беше останат само уште еден сомун леб, стврднат и начнат на едниот раб, а во другиот агол стоеја уште пет сотни компири.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од своите седишта, гледачите го гледаа цервиксот од друг агол: широк план на цервиксот како претстава.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но сеедно дали некој избрал да му се приклучи на редот или да си остане во седиштето, секој имаше шанса да си го согледува сопствениот избор...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не верувам дека би можел некогаш да доживеам такво нешто: ме зграбија десетина раце во мракот и ме фрлаа од еден во друг агол.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)