Сега кафето што се служи на плоштадот во Сиена е без талог, па јасновидците со други алатки го распретуваат развратот од минатото, а на идните поколенија уште во времето на асолното кафе и онака им беше проречена рамнодушноста.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Неговата работа Авто-слика/Авто-сакатење (1964) претставува фотографија на неговото тело обоено со бела боја со црни траки и јукстапонирано во однос на секира и други алатки за сечење односно мачење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Додека трудовите на Нич, Мул и Шварцкоглер се театрализации односно фикционализирани презентации на телото изложено на ризик, во болка, обесчестено итн., работата на Гинтер Брус постапно ги комбинира симболичкото сецирање и реалниот ризик за телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тогаш, кај дрводелците, ги набавуваа и другите алатки потребни за успешно извршување на жетвата, вилите, набодните и витлите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)