Можеше да изнајде безброј други аргументи за да не го прифати предлогот на Климент Камилски да им објават војна на опасните османски зборови во нивните балкански јазици, во која не знаеше однапред дали ќе бидат победници или поразени.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На Даскалов не му спомнав ништо ни за фирмата Декоратер што му остана на Ристе како наследство од реализацијата на сценографијата за едночинката Аналфабети.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А ова навистина го бев измислил јас и му го реков на Ристета бидејќи немав други аргументи за да му објаснам дека за два-три ковчега во неделата а понекогаш и во месецот не бива да се создава задруга со директор!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И стотина други аргументи изнаоѓаше уште...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Градоначалникот го потргна настрана партискиот секретар, па не ги дослушаа другите аргументи на козарот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Павле ги собра рамената. Попушти.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)