Знае ли Господ дека некој друг Бог ја смени врвцата на Зоиниот живот? Знае ли?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зошто е познато е и докажано дека ниеден бог не трпи друг бог.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Борхес прераскажува запис од Исток според кој во пустинитена Индија растеле црвени ружи и врз листенцата со златна боја било запишано: нема друг бог освен тебе...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Требаше да се освои врв, но не обичен, туку врв каде што според преданието живеел Зевс, богот на сите грчки богови со уште 11 други богови На светото место мораше да му се приоѓа со светост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Оној кој збори туѓи јазици на соне
зазира ли од заветот во којшто
„никој не се срами што страда и вика од бол“15
зазира ли од името свое
култот свој, па се таи, таи, притајува
во еден друг бог
- матичен?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со крвта на младите невини жртви и жртвуваните на другата страна на барикадите се заситуваа други богови под Сонцето!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Му личи, од тие причини, пајакот на бог презрен и казнет од другите богови, смален и фрлен на лицето на земјата, да биде вечно исмејуван како мал создател, создател на мали, ненужни и непостојани вселени, ткаени од пајажинест конец, вселени трајни колку и мигот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога Господ ѝ даваше висина, тогаш сигурно не мислеше дека по таа мера некој друг Бог ќе ѝ одмери и судбина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)