Нека дојде најпосле кој бил од битолските конзули, ќе видеме, — му одговори пак Јован и си ја приготви и другата бомба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така ги фати полноќ кога пристигна газијата и шмрковите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Друга бомба падна на едно напуштено парче земјиште што беше употребувано како детско игралиште и неколку десетици деца беа разнесени на парчиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во прво време, изгледа, некои војници настрадале, меѓутоа, сфаќајќи дека од фрлањето на бомба до експлозија (додека изгори фитилот) има доволно врме за да се заштитат, под команда на командирот тие легнувале и потоа, до фрлањето на друга бомба, го продолжувале стрелањето.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)