друг (прид.) - врата (имн.)

Погледнува низ прозорец, излегува низ другата врата, нервозна е.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Емплфорт направи неколку несигурни движења од една страна на друга, како да мисли дека постои некоја друга врата низ која може да излезе, а потоа почна да се шутка низ ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скокнав исплашен: но тоа беше другата врата, од другата страна на скалите: Емилија ја отвараше. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 142
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа отворив друга врата наспроти слепата. И таа не водеше никаде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури имаше еден промотивен спот за регрутирање на нови членови на гардата, во којшто долгокосо момче влегува во регрутниот центар со искинати фармерки и црна маица, а излегува од другата врата во маскирна униформа и уредно истрижан на единица.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тие не ја дебнеле својата жртва за да ја нападнат, не влегувале од едната врата на вагонот за да ја остават негде пеколната машина и од другата врата да исчезнат без трага.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Што да чинам, боже! (Доаѓа до другата врата и тивко вика.) Нацо, Нацо!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
IX. Беше една друга врата во внатрешниот ѕид од собичката, кон која водеше еден широк премин, и за која, ако се погледне подобро, и како да постоеше таа собичка; една врата, на која ѝ беше подредено всушност сѐ во живеалиштето, и Змејко полека се доближи до неа и ја отвори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко му ја отвори колку за една рака онаа другата врата, што водеше во работилницата, и го пушти и таму да открива.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога излеговме од другата врата не можевме да се препознаеме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Убаво ја проповедаше франкофонската лекција, која впрочем и самиот ја наложи со Сенгор дека таа за земјата останува една отворена врата кон светот, кон другите врати. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа отворивме друга врата која веднаш ми разјасни каде дотогаш се криеле садовите и тенџерињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неколкупати сосем се препотив, ми се заврте во главата и ми дојде да повратам, но откако главните кризи поминаа, почнав да чувствувам дека всушност ми е добро и дека можам да го исклучам тушот и полека да излезам од тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја отвора и другата врата и застанува пред нас како да нѐ брои.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На едната е напишано: „Продавница: ДАЈ - НА!“, а на другата врата стои: „ЗЕМАМ - ЗЕМАШ“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Додека се симнував по скалите слушав како малечката тропа со своите дланкички по вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Девојченцето и натаму ме чекаше во ходникот; пак тргна кон мене, јас сега тргнав кон другата врата, ја отворив и излегов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Макар што кај сиромашните семејства стравот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нѐ поразуваше помислата дека некој може да ни ги одземе, да ни ги убие козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Прислужникот го боцка со врвот од опинокот и му с`ска: „Мавни се!“ ја отвора и другата врата и застанува пред нас како да нѐ брои.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Бидејќи сакаше да пешачи сама – беше брза и љубопитна – прошета по дваесет страни бегло барајќи нешто, но непретерано именувајќи го, препуштајќи ѝ на желбата да избере и да се изрази низ остри изблици кои ја водеа од една на друга врата, менувајќи тротоари и излози.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Клара беше крај неа, повторувајќи гестови и воздржувања, сега знаеше, како по генерална проба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)