По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мажите смерно пристапија пред него, му направија поклон, а потоа, помладиот од нив, (во тефтерот Акиноски пишувало дека се викал Теодор и дека бил управител на Имотот), на чисто турски јазик го покани заедно со другите главешини да им биде гостин.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)