друг (прид.) - граница (имн.)

Колку и да беше внесен во своите реални и метафизички замисли да го следи патот на јагулите, тој остануваше немоќен да им го покаже на Гури Порадеци и на неговите синови вистинскиот пат, патот преку границата, преку другите граници сè до Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, на крајот, се согласил. Барал со денови по семејните документи, го означил кругот на нашето емигрантско семејство, ја минал духовно границата, ги поврзал другите семејства во стеблото, минал и низ други граници, втасал до Турција, до Азија, дури и до Америка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На Балканот во тие времиња се заспиваше крај едни, а се будеше крај други граници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)