друг (прид.) - група (имн.)

„Воденичарот“ ги остави камењето што ги гледаше и дојде на горниот крај од ширината, откаде се гледаше уличето по кое одеа Јован и Алекса и почна да се вртка околу друга група камења, но не ги пушти од око двајцата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се доближи стара жена до левата пола од старата искршена порта и погледна низ пукнатината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само немојте да се растурате далеку и да не се испомешате со другите групи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Резултат на свесна политика се дури и повластените групи да се одржуваат блиску до работ на немаштијата, затоа што општата состојба на недостиг го зголемува значењето на малите привилегии и така ја увеличува разликата помеѓу една и друга група.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа се отцепувала една нова средна група, од некоја од двете други групи, или и од двете, и борбата почнувала од почеток.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред, зад, над и под неа имаше други групи работници кои работеа незамисливо мноштво различни задачи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во другата група Кире го пратиле до селото да донесе брашно и компири.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што се однесува до другите групи и автори нивното приближување кон country повеќе е неочекувано нападно отколку шокантно. Bob Mould го искористи одморот во работата со групата Sugar за да, во потрага по инспирација, привремено се пресели во Austin, Texas, новата мека на country музиката; Kim Deal од The Breeders и Donita Sparks од L7 ги истакнуваат Dolly Parton и Patsy Cline како свои неприкосновени хероини; Henry Rollins ќе ја вклучи Елвисовата “Love Me Tender” на својот нов албум, а песните на Frank Black, Mark Lanegan и Chris Cornell (The Soundgarden) ќе се најдат на новиот албум на Johnny Cash.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Реморкерите на нафтната компанија ќе донесеа купишта тела, група работници ќе ги растовареа, санитарците ќе ги попрскаа со некоја балсамирачка течност, за да не се распаднат, друга група ќе ги натовареше на камионите и камионите ги однесуваа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Групата на Аренсберг беше во врска со многу други групи, зарем не?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој е од онаа група луѓе што ги има во нашите краишта и во оние преку границата, а кои ја задржале православната вера, но јазикот го изгубиле, за разлика од онаа друга група, чии припадници пак преминале во ислам, а го задржале својот јазик.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Погледна надолу кон шумата низ која што се искачуваа ваму, а потоа нагоре кон врвот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Онаму каде што знаеше дека оди другата група не можеше да види никакво движење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговите придружници можеле да бидат исто така пци пуштени од синџир но тешко го стасувале - Онисифор Мечкојад брзал, потрчнувал кон нагорнината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка ѝ на Чана набрзина и она си направи крст, а уште повеќе што забележа дека и една друга група од другиот крај на просторијата одеднаш се крена со сѐ пљачки врз себе и се протурка низ луѓето до излезот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А еве зошто: Пред неколку дни дојде друга група Италијанци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со другите групи не знам што е.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Па кој го уби? Зар не знаеш?“ „Ако знаев зар ќе премолчев?“, ми вели.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Генералот веројатно одел со друга група“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Всушност, на почетокот јавната сфера се состоеше од еден многу тесен сегмент на европското прото- капиталистичко општество: учеството во буржоаската јавна сфера беше 104 Douglas Kellner, “Habermas, the Public Sphere, and Democracy: A Critical Intervention,” http://www.gseis.ucla.edu/faculty/ kellner/papers/habermas.htm 91 ограничена на белите, образовани мажи, сопственици на имоти.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа значеше исклучување на многу други групи, врз основа на нивната раса, род, класа.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Немаше многу време да се размислува, па веднаш му реков на командантот: „Јас изумив да ви речам, пред вас се најави друга група ваши војници, офицери, рекоа дека ќе дојдат овде да се сместат!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една група на податоци, на пример, би можела да биде дневниот број на листови на некоја јасика во текот на повеќе сезони а другата група би можела да го опфаќа бројот на игличките на борот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Научниот одговор се повикува на повеќе правила од хемијата и физиката со кои што се опишува молекуларната структура на водородот и кислородот заедно со една друга група принципи (или правила) за тоа како две атомски структури се спојуваат и создаваат сложена супстанца.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)