Велигденот помина и таа забележи дека сите три дни Толе ја избегнуваше. Не само што не ја задена како другите девојчиња, ами просто не ја ни погледна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Наговорила две други девојчиња да тргнат со неа, избегале од поворката и цело попладне го поминале следејќи некој непознат човек.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во таа куќа имало и две дечиња, едното машко, другото девојче.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Обуката траеше веќе еден месец и сè уште не добивав одговор дали ќе ме примат мене или другото девојче.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Дојди ако не ти овде, знаеш во која соба, онаму каде што те сликавме тебе со другото девојче.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Брзо потоа се приклучи кон други девојчиња, напуштајќи ме мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И не само јас, туку и сите други девојчиња што бевме во домот...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ќе нема други девојчиња како тебе.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Нема да те препознаат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Учителката им рече да решат неколку задачи, но Ема никако не можеше да ги реши.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ја виде Ирена уште на влезот од училиштето, застаната заедно со четири други девојчиња од одделението.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога мама не беше дома, јас одев во собата на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оттогаш почна да ме споредува со другите девојчиња, да ми кажува дека никогаш нема да бидам како нив, да ми вели дека мојот живот секогаш ќе биде мачна празнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Па ќе бидеш не само со Соња, туку и со други девојчиња.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Зачлени се и ти во мандолинскиот оркестар.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Секако, ме болеше, ама мене ми беше убаво дека тој токму мене ме брка, а не некое друго девојче.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Од тие причини не сакав со никого да се сакам и да се врзувам, како што тоа го правеа другите девојчиња.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Подобро е да си мајка, но и другите девојчиња сакаат да бидат мајки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)