Спаијата поруча „шо дал господ" а Ариф не заборави да ги испржи набрзина дробовите, срцето и бубрезите, од кои се разбира, еден дел донесе на спаијата, а другите ги мезија со Златета и другите другари.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Да ми беше стра не оде јас толку години сам, со Трајка овдеа и другите другари, даи бркам гордо одговори Толе и почна да им раскажува како сите потери се вардат од него, место тој да се варди од нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе се одмори кај посестримката Неда до кај ужина, Бојко и другите другари кај Босеа, та станаа, и уште со видело ги нарамија пушките и сакмиите, си го кладоа во торбите печеното мевце, мазниче,што им остана; Толе си го јасна Белчета и излегоа токму нагоре по дирите на муљазимот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите се чудеа на оваа постапка. Излезе работава не муљазимот да го бара Толета, ами Толе него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И оваа колиба, како првата, беше полна со „горски" луѓе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Водач, или војвода, како ги викаа тогаш водачите, ќе биде младиот Ѓорѓија, a Толе и Глигур ќе му бидат четници, додека соберат од терен други другари на кои пак, тие ќе им бидат војводи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бојко ги најде и своите братучеди; Брниклијата се сретна со Босеа, со кого пред некоја и друга година се бореше на Илинден баш овде, на ова сретсело; некои го познаа и Најда Орленчето, Андона и Стојчета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чуката Маргара е највисока од сите врвови од Селечката планина и како стража го гледа како на тепција цело Мариово и Битолско — Прилепското поле; се поздравува секое утро со Ниџе, Кравица, дури и со Кожув и Беласица од исток, за да се заврти и ги поздрави другите другари Пелистер, Крушовските планини, та по некојпат му намигнува дури на двата Турчина и Поповата Шапка, а преку нив му се насмевнува и на далечниот Љуботен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По Толета прошетаа и другите другари низ купот и се поздравија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За жал, Ило, другата другарка, беше нѐ напуштила уште пред два дена, да кажам пред да почне вистинската акција.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Да знаеш колку се силни и опасни! Со заби убиваат, разбра?!?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Има брат ти и други другари, оние што не ги познаваш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но сепак, нагласив, дека сите нешта од животот на мајка му ги имав само слушнато. Посредно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му реков дека Даскалов и другите другари ми имаа раскажувано оти некои од ранетите и болните токму од мајка му ја добиле потребната нега.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ване беше барем толку присебен да му остави на Азис банкнота а не металка, промрморувајќи „за телефонот”, и да му ја стисне раката во отсуство на друг другар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Имам и друга другарка.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
И јас и другите другари на секој дел од снагата имавме по некоја лузна или сини колтаци, а кошулите и палтата ни се раскинати од дрпање.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И јас, и Васе и другите другари на секој дел од телото имаме по некоја лузна или сини колтаци, а кошулите и палтата се раскинати од дрпање.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)