Една од суштинските одредби на Законикот е дека тој што убива за да одмазди друга душа, од Бога му е простено!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Значи, уметникот е шизофреник кој со едното око и едниот дел од душата ги рециклира идеите на мудрецот, а со другото око и другата душа ги следи и испитува делувањата на масите и тираните.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
„Утре ќе го натерам логотетот да застане со ѓаволот, пред него да стои, со негови очи да види, да узнае дека под словото друго слово има, под буквите видливи – други, скриени, под душата на словото друга душа е настанета!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Жедни се пипалата на таа тревка. Ќе ти ја испијат крвта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А тревки секакви има: едни крв цицаат, други душа лекуваат. Раскажи му, Никола.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Простете, рекол тој Васко Тушев. - Ќе појдат душите на мртвите по мене, браќа мои ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но и неговата душа се извивала во некаква празнина - тој ќе патува, а кога таа душа ќе отпатува еднаш, ненадејно како и другите души на луѓето од тоа парче на прегазениот Балкан, тој веќе не ќе патува и ќе ги заборави сите патишта на овој свет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаше невидлива нитка - премин од едната во другата душа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Имаше недофатлива нитка, таинствен мост што овозможуваше премин од едната во другата душа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)