Ама чудно! Сашо ѝ се лути и на жабата. Зарем не можела да се скрие како и сите други жаби? Тие се скриени и штркот не им може ништо!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
За краставата жаба човек имаше чувство дека не била родена од друга жаба, или испилена, туку дека била родена од самата земја, дека се откршила од земјата, па дури и, кога потскокнуваше во дворот, дека е бесмртна и неуништлива.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)